Работилница во рамки на проектот „Собираме и ре-креираме со Бимилк“
Во Охрид, на 30ти ноември (четврток) ќе се одржи првата едукативна и креативна работилница во рамки на големиот проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“.
Настанот ќе се одржи во градинката „Јасна Ристеска“, клон „Развигорче“, ул. Васил Главинов бр. 12 (позади Заводот за вработување).
Работилницата е со цел поттикнување на навиките за зачувување на животната средина уште од најрана возраст, а главен аниматор за децата ќе биде препознатливиот лик на Битолското Чупе. Се работи за иницијатива во која Бимилк ги поттикнува децата да собираат празни амбалажи од Битолско млеко и аод нив понатаму да изработуваат разни корисни предмети што може да имаат секојдневна употреба, со цел уште од најрана возраст да ја научат важноста за рециклирање и зачувување на животната средина.
По завршувањето на сите работилници, изработените предмети од децата на 23.12.2017 г. ќе бидат изложени на голем предновогодишен хуманитарен базар во Веро Центарот во Скопје, а собраните средства ќе бидат донирани за СОС Детско село Македонија.
Во проектот се вклучени близу 2.000 деца од 8 градови ширум државата, а истиот е најавен како пилот проект, со заложба да продолжи да живее и во наредните години.