26/11/2024
Македонија

Работилница за размена на искуства за остварување на правото на компензација на жртвите од трговија со луѓе

Денеска во Клубот на пратеници во Скопје во организација на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Македонија се одржа Работилница за размена на искуства за остварување на правото на компензација на жртвите од трговијата со луѓе.

Домаќин на настанот беше Националниот координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Македонија, м-р Магдалена Несторовска. Покрај претставниците од Националната комисија, Секретаријатот на Националната комисија, меѓународните организации и претставници од граѓанските здруженија, на настанот учествуваат и претставници од Република Косово, кои директно работеле на изготвување на Законот за компензација на жртви од кривични дела.

Целта на Работилницата беше презентирање на добрите пракси и искуства за изработка и имплементација на косовскиот Закон за обештетување на жртвите од кривични дела, искуства кои ќе бидат од бенефит при изработка на Законот за фонд за компензација на жртвите на насилен криминал во Република Македонија.