28/11/2024
Македонија

Работна посета на министерот Никола Димитров на Брисел

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на 28 и 29 мај 2018 година ќе престојува во работна посета на Брисел.

Во рамките на посетата, министерот Димитров на 28 мај ќе учествува на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија, организиран во рамките на бугарското претседателство со Советот на ЕУ, претстојното австриско претседавање и во пресрет на Советот за надворешни работи на ЕУ. Дискусиите ќе бидат фокусирани на политичките состојби околу евроинтегративните процеси во Република Македонија, имплементацијата на реформската агенда на Владата како и добрососедските односи. 

Исто така, на 29 мај министерот Димитров ќе  има свое обраќање во бриселскиот тинк-тенк Европски центар за политики (EPC) на тема: “The Macedonian name dispute: a test case for EU enlargement to the Balkans“.

За време на престојот во Брисел, министерот Никола Димитров ќе оствари средби со претставници од институциите на ЕУ и неколку министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.