23/11/2024
Македонија

Работна сесија за програмата „Креативна Европа“

Работна сесија за програмата „Креативна Европа – Проекти за соработка“ ( 20 ноември, 12 часот, НУ Музеј на современата уметност во Скопје) и панел- дискусија на тема „Креативна Европа – Проекти за книжевни преводи и Европската награда за литература“ (21 ноември, 12 часот, Дом на занаетчии во Куманово) …

Programa_21_noemvi

Ве известуваме дека Канцеларијата за Креативна Европа – Култура         (Министерство за култура), во соработка со Канцеларијата за Креативна Европа – Култура на Република Србија (Министерство за култура и информации), на 20 и 21 ноември 2018 година организира дводневен настан посветен на двете категории на програмата: „Проекти за соработка“ и „Литературни преводи“.

Работната сесија посветена на тековниот повик за аплицирање за категоријата „Проекти за соработка“ ќе се одржи на 20 ноември во Музејот на современата уметност во Скопје со почеток во 12 часот. Краен рок за доставување на апликациите за оваа категорија е 11 декември 2018 година до 12 часот.

Во рамките на Фестивалот на европската литература, во соработка со издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, на 21 ноември со почеток во 12 часот во Домот на занаетчиите во Куманово ќе се одржи панел-дискусија за програмата „Креативна Европа – Проекти за литературни преводи и Европската награда за литература“. На панел-дискусијата ќе учествуваат претставниците на Канцелариите за Креативна Европа – Култура (на Македонија и на Србија), добитниците на Европската награда за литература, Џемал Уаирјачи (Холандија) и Офејгур Сигурдсон (Исланд) и претставници на издавачкиот сектор од нашата земја.  

Во прилог ви ги доставуваме програмите на настаните.

Работна сесија за програмата „Креативна Европа – Култура“

Повик за 2019 година за категоријата „Проекти за соработка“

20 ноември 2018 година, Скопје

Место: Музеј на современата уметност – Скопје

12:00   Вовед во категоријата „Проекти за соработка“ (Повик за 2019 г.)

  • Билјана Прентоска,  Канцеларија за Креативна Европа – Култура (МК)

12:30   Српското искуство со програмата „Креативна Европа (Култура)“

  • Димитрије Тадиќ, Канцеларија за Креативна Европа – Култура  (РС)

13:00   Пауза

13:30   Работилница: Како да се подготви успешна апликација ?

  • • Димитрије Тадиќ, Канцеларија за Креативна Европа – Култура  (РС)
  • • Билјана Прентоска, Канцеларија за Креативна Европа  – Култура  (МК)

14:30  Прашања и одговори

15:00  Индивидуални консултации