26/11/2024
Охрид

Работна средба на градоначалникот Пецаков со амбасадорот на Република Словачка Маркуш

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес одржа работна средба со амбасадорот на Словачка во Македонија, Хенрик Маркуш. Разговорот беше фокусиран на априлската средба со амбасадорите на земјите чии граѓани се добитници на Светската награда за хуманизам.

Договoрено е средбата да се одржи во средината на април, на која ќе бидат презизирани деталите за свеченото откривање на споменикот на хуманизмот на 9 август. На истиот ден ќе биде доделена и годишната светска награда за хуманизам, а ќе му биде врачена и на минатогодишниот добитник Далимир Хајко, светски познат филозоф, есеист, литертурен критичар и професор на универзитетот од Жилина, која поради ковид кризата беше одложена на неодредено време.