Работна средба на градоначалникот Стојаноски со министерката Апостолска
Градоначалникот Јован Стојаноски, денес оствари работна средба со министерката за привлекување странски инвестиции Зорица Апостолска. Министерката Апостолска го запозна градоначалникот Стојаноски со планот на владата за економски раст и финансиската поддршка што истиот ја нуди за новите инвестиции.
Градоначалникот Стојаноски ги истакна потенцијалите на општината за привлекување на странски инвестиции и подготвеноста за нови гринфилд и браунфилд вложувања. Во таа смисла градоначалникот Стојаноски посочи и неколку развојни проекти и можноста за нивна реализација со помош на Владата на Република Македонија.