Работна средба на градоначалникот Стојаноски и секретарот Бежоски со директорот на ИСС на РМ
Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски и секретарот Игор Бежоски, денес имаа работна средба со Џеват Кицара, Директор на Институтот за стандардизација и сертификација (ИСС) на РМ.
На средбата се разговараше за воспоставување на соработка помеѓу Општина Охрид и институтот во делокругот за стандардизација и сертификација. Соработката помеѓу двете страни ќе помогне во подобрувањето на перфомансите на општинската администраиција и нејзино поефикасно работење.