22/11/2024
Охрид

Работна средба на МАНУ и Албанската академија на науките и уметностите

МАНУ и Албанската академија на науките и уметностите, од напролет, ќе почнат да реализираат неколку значајни, заеднички, научно – истражувачки проекти, од кои два се издвојуваат како непосредни од аспект на интересите и потребите на граѓаните од двете земји.

Првиот е поврзан со заштитата на културното наследство и биодиверзитетот на Охридското Езеро и природниот басен, а вториот од областа на компаративната книжевност: Коста Рацин, во македонската и Никола Ѓерѓ Миѓени, во албанската литература, како првенци на европската модерна во овој дел на Балканот.

Ова, може да се издвои како основен заклучок од работната средба, што се одржа викендов, на групата на МАНУ, предводена од претседателот, академик, Таки Фити и на Албансаката академија на науките и уметностите, предводена од заменик-претседателот, академик Васил Толе.

Договорено е, работнаите групи за проектот: „Никола Милош Миѓени и Кочо Рацин – поетска паралела на двајца социјални поети“, да ги предводат, академик Луан Старова и Академик Синан Шабани.

Миѓени и Рацин, не само што создавале во исто време, не само што потекнуваат од иста земја, едниот од реканскиот, другиот од велешкиот, туку најверојатно се познавале. Миѓени 4 години живеел во Ботола, а пред тоа, се школувал во Цетиње, Црна Гора. Рацин, пак, во Загреб. И обајцата имале, за тоа време, напредна, пролетерска идеологија. Миѓени објавувал во Бота е ре, а Рацин во Искра. И двајцата користеле иста лексика, која го одразувала тешкиот живот на народот. Рацин се потпирал на струшкиот говор, додека Миѓени на албанскиот северо-западен.

„Во МАНУ има Центар за екологија и заштита. Охридското Езеро е заедничко добро и заедничка одгворност. Ние во областа на биодиверзитетот, веќе работиме со Лајбиц, академијата од Берлин, тоа сега може да се надоврзе, со вклучувањето на Албанската академија, но и со сите владини – ресорно задолжени тела и граѓанскиот сектор од двете земји,“ потенцираше академик Луан Старова.

Дека двете акдемиии навистина сакаат искрена и плодотворна соработка, можеше да се заклучи од отвореноста на разговорите.

 Академик Фити, забележа за некои договорени, а сеуште недовршени проекти.О собено кога МАНУ веќе го исполнила својот дел, но ништо од тоа, ако нема двострана исполнителност.

„Имавме заеднички проект – ние да подготвиме книга за Наим Фрешери, а колегите од Тирана, превод на Историјата на македонскиот народ, на албански. Покојниот академик Катарџиев, напиша поговор, со цел да ги појасни одредени несогласувања. Нашата книга за Фрешери, стои во бункер, затоа што, беше договорена заедн ичка промоција,“ напомена академик Фити.

Потпретседателот на Албанската академија, Толе, зеде обврска таа работа да се доврши, а македонските колеги да помогнат во преведувањето.

МАНУ, исто така, реализираше Денови на Албанска академија во Скопје,но сеуште нема реципрочен одговор, во обратна насока. Договорено е тоа да се случи идната пролет.

На состанокот беше разговарано за вклучување, во трилатерала и на Академијата од Косово, за што МАНУ, веќе има изработено антологија Поети и академици, а се поготвува промоција, на која ќе говори академик Ѓеорѓи Старделов.

Двете страни покажаа интерес, во соработката да се вклучат САНУ и Босанската академија. Колегите од Босна веќе имале, во Скопје, Изложба на сликари академици, додека во октомври, следи возвратен чин во Сараево.

„Двете академии и досега соработуваа, во некои области со одредени потешкотии, но сигурен сум дека степенот на разбирањето и соработката ќе се подигне до нивото, кое го имаме со Бугарската академија на науките и уметностите. Примерот со БАНУ покажа дека за соработка се многу битни личните контакти,“ укажа претседфателот на МАНУ, Таки Фити.

Академик Фити, смета дека науката и политиката не секогаш говорат со ист јазик.

„Во науката, треба да домнираат фактите и стратешките интереси на народите. Особено сега, кога двете земји се пред вратата на ЕУ. Со БАНУ, тоа се покажа на примерот со заедничкиот проект Ефектите на економската криза, од аспект на евро-атланските процеси. Вакви и слични проекти, можат да се работаат во трилатерала. Особено што полесно се доага и до средства од европските фондови,“ – потенцираше Фити.

Веле Митаноски