Работна средба на министрите за надворешни работи на Р. Македонија и Грција во Охрид
Денеска, во Вила Охрид, министерот за надворешни работи, Никола Димитров се сретна со неговиот колега од Грција, министерот Никос Коѕијас. На средбата која се одржа во отворена атмосфера, се разговараше за сите аспекти за разликата околу името.
Истовремено, средба имаа и работните групи од Република Македонија и Грција, составени од високи дипломати кои врз основа на напредокот што го направија на средбата во Виена, усогласија дел од текстот кој што се однесува на идната соработка во неколку области.