Ракометарите ќе одиграат подготвителни пријателски натпревари против Србија
Во организација на РФМ, ќе се одиграт пријателски натпревари помеѓу машките сениорските ререзентации на Македонија и Србија во рамки на подготвителниот период за СП 2019 во Германија и Данска.
Натпреварите ќе се одиграат на 04-ти и 05-ти јануари во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.
Првиот пријателски натпревар е закажан на датум 04.01.2019 година во 20:00 часот со директен пренос на ТВ Телма. Натпреварот е од отворен тип и влезот е слободен.
Вториот натпревар на Македонија ќе биде од затворен тип.
Ракометната Федерација на Македонија ги поканува сите љубители на македонскиот ракомет да бидат дел од овој подготвителен период на Македонија и да дадеме поддршка за претстојното СП 2019.