Рамне полека го менува својот изглед
Малото охридско село Рамне полека го менува својот изглед. До пред само 5 години Рамне делуваше како скриен бисер со мирен и идиличен изглед, со стари камени куќи и тесни улички, буквално како заборавено од времето.
Но, новите згради го менуваат изгледот на Рамне. Последните неколку години ова село го привлече интересот на голем број инвеститори, кои почнаа да градат нови модерни станбени комплекси.
WebOhrid / 28.04.2024