25/11/2024
Струга

Расчистена кражба во Струга, одземеното вратено на сопственикот

На 19.02.2024 во 10:10 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ја привеле В.И.(23) од Куманово.

Таа се сомничи дека претходно во трговски објект во Струга извршила кражба, при што одзела повеќе производи.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против В.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 20.02.2024 / МВР