Расчистени плажите Лабино, Грашница и Сараиште
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ спроведоа акции за расчистување на крајбрежниот појас на локалитетите: Лабино, Сараиште, Грашница и градското пристаниште. Заради зголемениот водостој на реките кои се влеваат во Охридско Езеро, големи количини отпад е натрупан на плажите (отпадоци од пластика, хартија, најлон кеси, лименки и др.комунален отпад) како и трска.
расчистен крајбрежниот појас – Грашница
подигнат отпадот од плажа Сараиште
Отпадот е расчистен, подигнат и транспортиран, а дел од отпадот е подигнат директно од езерските води.
градско пристаниште