Реакција на СДСМ Охрид на пресот од ВМРО-ДПМНЕ за наводната партизација на пописот и попишувачите
ОО на СДСМ Охрид испрати реакција во врска со денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
„ВМРО ДПМНЕ не престанува да ја дефокусира јавноста за нивните внатрепартиски проблеми да бидат затскриени и сее магла кога тоа не е потребно.
Едно е јасно ПОПИС во Република Северна Македонија конечно ќе има. Но сите обиди оваа статистичка операција да биде прекината сега, нема да најдат погодно тло.
Ништо ново од партијата ВМРО ДПМНЕ кое во едно време на Груевски го почна пописот и го прекина а силни милиони отидоа во непознато.
Целата македонска јавност знае дека после цели 20 години ни требаат вистински, реални информации за состојбата и потребите на нашето население, на нашиот народ. Ние за тоа да зборуваме и работиме, за попис од којшто зависи квалитетот и ефикасноста на сите понатамошни политики – економски, образовни, здравствени, културни, социјални.
Не треба само да знаеме колку луѓе живеат во државата а колку надвор, која етничка припадност се, колку се млади, колку возрасни, во урбани или во рурални средини, која е образовната или социјалната структура.
Пописот е важен за врз основа на сите собрани податоци да се креираат долгорочни економски политики за развој, за стопанството, за подобри услови за живот на сите наши граѓани, согласно нивните потреби.
Денеска ВМРО ДПМНЕ не критикува нас од СДСМ и пратеничката Жаклина Лазаревска само поради тоа што го објавивме конкурсот за попишувачи на нашата официјална партиска Фејсбук страница.
Што е толку страшно ова? Очигледно само што ќе прочитаат СДСМ луѓето од ВМРО ДПМНЕ во се’ гледаат партизација. Нивното време беше такво и затоа така гледаат на нештата и сега.
Тоа време е одамна завршено. Се работи за Јавен конкурс кој сакавме да стигне до што повеќе млади и невработени луѓе. Доказ дека фесјбук профилот на партијата и на пратеничката не го следат само партиски членови е токму реакцијата на ВМРО ДПМНЕ- значи Конкурсот го прочитале и тие и на него може да се пријави секој.
Срамно е уште операцијата не започната да се кажува дека попишувачи ќе има само од СДСМ како што е неточна констатцијата на опозициската ВМРО ДПМНЕ дека и условно речено пријавувањето на попишувачи сме го користеле за ново членство.
Партиското ажурирање во СДСМ е пред крај и се спроведува по сите нишани. Над 70 000 граѓани преку ажурирањето ни даваат поддршка.
Токму, најавите за собирање потписи покажуваат неискрен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните. Затоа што потписите не го ставаат надвор од сила Законот, туку треба нов закон. А нов предлог закон може да поднесе секој пратеник во собранието.
Конечно видвоме дека потписите се правно нелегални и очигледно тие ќе им послужат само да видат кои се ЗА или ПРОТИВ Мицковски и актуелната врхушка на партијата.
А за пописот . Република Северна Македонија има независни државни институции како што е Државниот завод за статистика. Пописот е во рацете на професионалци и ќе се спроведе согласно меѓународни стандарди.“ – стои во реакцијата од СДСМ Охрид.