22/11/2024
Охрид

Реализиран сообраќајно воспитен час во ОУ „Григор Прличев“ – дел од кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

Со учениците од второ и четврто одделение од Основното училиште „Григор Прличев“, денеска беше реализиран сообраќајно воспитен час како дел од превентивната кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

Целта на кампањата е едукација на најмладите во насока на подигнување на нивната сообраќајно-безбедносна култура, почитување на сообраќајните правила и прописи но пред се, упатување пораки до возачите на моторни возила за нивно максимално одговорно и совесно учество во сообраќајот при управувањето со автомобилите.

Учениците денеска излегоа од своите училници и кај кружната крстосница на пресекот на булеварите „Туристичка“ и „Јане Сандански“, дефилираа со транспаренти на кои испишаа безброј пораки до возачите. На тој начин, децата побараа од возачите да внимаваат кога возат автомобили, да ги почитуваат сообраќајните знаци за дозволена брзина, да застануваат пред пешачките премини, да не користат мобилни кога возат.

Сообраќајната кампања беше реализирана во соработка на Одделението за превенција при СВР Охрид и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на град Охрид.