23/11/2024
Охрид

Реализирана показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес во СОУ „Св.Климент Охридски“

Во организација на Отсекот за превенција при СВР Охрид, Територијалната противпожарна единица и Црвен Крст Охрид, денес во Средното општинско училиште „Св.Климент Охридски“ во Охрид се спроведе показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес.

Вежбата има превентивен карактер, а целта е подигнување на степенот на безбедносни мерки и подготвеност кај учениците и наставниците за поефикасна заштита при земјотреси, пожари и други елементарни непогоди. Показната вежба се спроведува согласно планот за евакуација при несреќи и планот за работа на училиштата за практично да се види како би реагирале наставниците и учениците во случај на елементарни непогоди, колку ефикасно би била спроведена безбедна евакуација,. каква е координацијата со образовните центри туку и со другите фактори коишто беа инволвирани во реализацијата на оваа показна вежба. Показната вежба треба да придонесе за изготвување на поефикасни планови, за подоследно, поцелосно и поефективно спроведување на мерките кои се предвидени при процес на евакуација. Вежбата покажа како практично на терен би дејствувале учениците, наставниците и останатиот персонал во училиштата во случај на елементарните незгоди, но и субјектите кои се повикани при преземање на мерки во вакви слуачи.

Во оваа показна вежба се покажа дека учениците и наставниците, прилично ги познаваат мерките и постапките кои треба да ги преземат во вакви случаи и дека одлична е соработката во делот на информирање, навремено повикување на Брзата помош, на полицијата и ТППЕ, како и подготвеноста на екипите на Црвен крст да преземаат мерки за спасување на повредено лице. Екипите на СВР Охрид во значително ниво ја покажаа својата подготвеност за дејствување во вакви случаи.