Редовна дезинфекција на јавните површини
Во согласност со општинскиот оперативен план за превенција од корона вирусот Ковид-19, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ вршат редовна дезинфекција на јавните површини во Општина Охрид.
Во текот на вечерните и раните утрински часови, со средство за дезинфекција се мијат улиците и јавните површини во централното градско подрачје, стариот дел на градот и сообраќајниците во населбите и селата.
Дезинфекцијата на јавните површини ќе продолжи интензивно и во текот на наредниот период.