Регулаторна доцни со новите цени на горивата
Иако вообичаено Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија новите цени на горивата ги соопштува секој понеделник околу 12:30 часот, денес тоа не се случи.
Поминаа нешто повеќе од 5 часа, но сè уште нема никакво соопштение од страна на РКЕ.
Останува да видиме дали ќе се оствари најавуваниот ценовен шок.
WebOhrid / 07.03.2022