23/11/2024
Охрид

Реконструкција на тротоарите на ул.„Гоце Делчев“

На улицата „Гоце Делчев“ во тек се градежни зафати за реконструкција на тротоарските површини. Вкупната површина предвидена за реконструкција изнесува 1366 метри квадратни, односно 600 метри од двете страни на коловозната улица.

Новите тротоарски површини се изработени од бехатон плочки поставени на претходно подготвена подлога од тампон и ситна песок.