22/11/2024
Охрид

Реконструктивни зафати во училишните објекти во селата Косел и Куратица

Започнаа работни активности за реконструкција на санитарните јазли во подрачниот училишен објект на ООУ „Ванчо Николески“ во село Косел. Извршено е поставување на нови ѕидни и подни плочки, а планирано е да бидат поставени и нови санитарни елементи. Во текот на наредниот период ќе биде изградена и настрешница во дворот на училиштето.

Исто така, во моментот во тек се и работни активности за промена на олуците на подрачниот училишен објект на ООУ „Ванчо Николески“ во село Куратица.

Активностите се дел од годишната програма за образование на Општина Охрид, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.


WebOhrid / 05.12.2022 / Општина Охрид