22/11/2024
Спорт

Рекорден број на учесници на третото издание на Охрид трчаТ

Третото издание на спортската манифестација Охрид трчаТ ќе има рекорден број на учесници. Точно 1 585 натпреварувачи се пријавени на 5 и 10 километарските трки како и тим билдинг трките во двете делници.

Kомплетниот тим кој стои позади проектот „Охрид трчаТ“ им се заблагодарува на сите пријавени и ги повикува оние кои не учествуваат в недела на 2 јуни да излезат и да ги бодрат учесниците низ улиците на Охрид.

Подигнувањето на стартните пакети за учеството на атлетската манифестација ќе биде во сабота на 1 јуни од 9 до 20 часот на градскиот плоштад.

Програмата на Атлетскиот викенд започнува во петок на 31 мај со Ноќната трка. Учеството на Ноќната трка е бесплатно, а на целта ќе има концерт во живо и паста забава.