03/03/2025
Спорт

Релиќ и Георгиевски со бронзени медали од Бугарија

Македонските таеквондисти Милa Рељиќ и Дејан Георгиевски освоија бронзени медали на Г-1 Опен турнирот одржан викендов во Софија, Бугарија.

Рељиќ во категоријата до 62 килограми, беше подобра од Ингрид Искандар Поетри од Сингапур и Казахстанката Аиша Аделбикизи, додека во полуфиналето загуби од Русинката Анастасија Банкова.

Георгиевски во категоријата +87 кг го совлада Горјан Бадаровски па во полуфиналето загуби од Русинот Владислав Ларин.

Двајцата македонски репрезентативци освоија и нови бодови во обидот да остварат норма за Олимписките игри во Лос Анџелес 2028.

Mila-Reljik-bronza
Dejan-Georgoevski-bronza