Реномираниот кардиолог од Берлин Д-р Ралф Ланхоф во посета на Кардиолошки завод Охрид
Во „Заводот за кардиоваскуларни заболувања“ во Охрид се одржа едукативен настан на кој како главен предавач и едукатор беше Д-р Ралф Ланхоф од клиниката во Берлин кој е еден од најпознатите доктори во Европа во областа на интервентната кардиологија.
На настанот присуствуваа еминентни кардиолози од Србија, Бугарија и Романија, од различни специјалности кои разменуваа искуства проблемите и ги учеа новите процедури за третман на оваа болест која е се подоминантна кај популацијата.
Познатиот Д-р Ралф Ланхоф е дел од работната група на ЕУ која дава препораки за третман во делот на кардиологијата, а кои се применуваат и во Кардиолошкиот Завод во Охрид.
„Наш главен едукатор е Д-р Ралф Ланхоф кој е познато звучно име во Европа и еден од имињата кој работи на групите за примена на Европските препораки за периферна артериска болест. Ова секако се корисни настани и наш препознатлив начин на стручна едукација, и преку стручна дискусија заземање заеднички ставови за периферната артериска болест.“ – изјави Д-р Елена Коваческа Башуроска, директор на Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид.
Ова е ретка можност докторите од Република Македонија и соседните земји кои учествуваат на настанот да стекнато нови вештини и знаења во делот на третманот на периферна артериска болест.
„Заводот за кардиоваскуларни заболувања“ втора година по ред прави ваков настан со пренос во живо на видео сигнал од сала, што претставува најсовремен модел на пренесување на нови знаења во медицината. Предавањето на Д.р Лагоф можеа да го следат преку интернет во живо и надвор од нашата болница.
„Можеби сме лидери во овој регион за воведување модели за континуирана медицинска едукација, и таквото темпо ќе продолжи и во иднина , се со цел нашите доктори да имаат можност да се стекнат со нови знаења. Ова е практична работилница на која се пренесуваат знаења за техники и вештини. Ние реално работиме врз пациенти, вршиме интервенции кои ги гледаат учесниците и на интерактивен начин разменуваме знаење“ – изјави д-р Никола Бакрачески, шеф на интервентната кардиологија во Охрид.
Д-р Ланхоф медицинскиот кадар на Кардиолошкиот Завод во Охрид го оцени како исклучително способен , со високо ниво на знаење и вештини во работата.
„Би рекол дека во делот на вештини, можам да кажам дека докторите на оваа болница се способни да не следат во овие процедури. Потрошниот материјал за овие процедури се многу се скапи , но болницата ги има. Нивото на искуство и способности на докторите од оваа болница се многу добри. Нивото на едукација е многу високо теоретски и практично.“ – изјави пред медиумите Д-р Ралф Ланхоф.