25/11/2024
Спорт

Репрезентацијата на Македонија до 21 ги започна подготовките за дуелот со Словенија

Младата репрезентација на Македонија предводена од селекторот Благоја Милевски пред два дена ги започна подготовките за претстојниот контролен дуел со селекцијата на Словенија. Натпреварот ќе биде одигран на 3 јуни во словенечки Терме Чатеж.

Еден од клучните играчи на Македонија до 21, Филип Антовски вели дека во самата репрезентација владее одлична атмосфера и се надева на победа во Терме Чатеж.

„Не очекува тежок натпревар против силен противник. Очекуваме да одиграме добар меч, идеме во Словенија по победа. Подготовките се во тек, во одлично расположение го очекувамет овој дуел. Атмосферата во екипата е на едно високо ниво, ги слушаме советите од нашиот селектор. Очекувам од мене и моите соиграчи да дадеме максимум на тренинзите и натпреварот со Словенија, и добро да се подготвиме за предизвиците што не очекуваат во иднина”, вели Филип Антовски.

Агон Елези, фудбалерот на Вараждин и член на младата репрезентација на Македонија очекува победа над Словенија.

„Веруваме во нашите квалитети, имаме одлична комуникација со нашиот селектор, подготовките течат во најдобар ред. Словенија е одлична репрезентација, но нашата цел е да одиграме добар натпревар и да оствариме победа. Ги слушаме советите на нашиот селектор, функционираме како една целина и се надевам дека тоа ќе го покажеме и на мечо со Словенија.”, вели Агон Елези.

Подготовките на нашата млада репрезентација ќе бидат поделини во два дела. Селективна фаза по која селекторот Милевски ќе одлучи кои 24 фудбалери ќе бидат дел од главната подготвителна фаза и натпреаврот со Словенија на гостински терен.