Решение по јавен повик за распределување на буџетските средства од Програмата за спорт и рекреација од буџетот на Општина Охрид за 2022
Градоначалникот на Општина Охрид донесе решение по јавен повик за распоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2022 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти и други правни лица од областа на спортот на територијата на општина Охрид, со што општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на еден од најважните социјални елементи на нашето општество, спортот.
Добитниците на финасиски средства во рок од 10 (десет) работни дена од денот на објавувањето да се пријават во Секторот за спорт, млади и НВО за потпишување на договорите.
ВебОхрид / 04.02.2022 / Општина Охрид