Рокот за пријава за набљудувачи на ЦИВИЛ на локалните избори се продолжува до 10 јули
На денешната прес конференција на ЦИВИЛ, под наслов „Отворено за сите прашања“, претседателот на Организацијата, Џабир Дерала соопшти дека рокот за пријавување за набљудувачи на следните локални избори во земјава,се продолжува до 10 јули на полноќ.
Што значи краткорочен изборен мониторинг, што е задача на краткорочните набљудувачи, и за начинот на набљудување на набљудувачите на ЦИВИЛ, во детали објасни Дерала на пресот „Отворено за сите прашања“.
ЦИВИЛ ги повика своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи.
Набрзо потоа, ќе се одржат и семинари за обука на набљудувачите. Во одговор на заинтересираните, од Организацијата нагласуваат дека сите набљудувачи на ЦИВИЛ се мобилни, односно дека секој набљудувач има обврска да покрие во просек десет избирачки места.
Четворица од пријавените кандидат-ки ќе бидат селектирани како долгорочни мобилни набљудувачи, кои ќе му се приклучат на постојаниот тим за мониторинг на ЦИВИЛ.
Мониторингот на ЦИВИЛ подразбира мобилност, посветеност и непристрасност. Краткорочните набљудувачи се активни во текот на изборниот молк, на денот на гласањето и еден ден по гласањето.
Членови на тимови на меѓународни или домашни набљудувачки мисии, партиски функционери и активисти вклучени во изборната кампања, како и кандидати на изборите, немаат право на учество на овој повик.
Сите заинтересирани за набљудување на локалните избори, можат да аплицираат на следниот линк.
ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА
Рокот за пријавување е 10 јули на полноќ.
https://youtu.be/hPr7RP1wZc4