22/11/2024
Македонија

РСБСП: Корисни совети за безбедно возење мотоцикл во услови на дожд

Променливото време и честата појава на дожд во одредени делови од денот може да биде многу непријатна за мотоциклистите. Имајќи предвид дека оваа е многу честа појава и многу мотоциклисти често се затекнати од дождот,  РСБСП со корисни совети за мотоциклистите како безбедно да возат  мотоцикл во услови на дожд:

•  Прво и основно е да се избегнува возење мотоцикл по дожд и влажни коловози  доколку немате неопходна потреба. Возењето мотоцикл на влажни коловози бара повеќе концентрација, искуство и вештини,  затоа не управувајте мотоцикл на влажен коловоз  доколку не сте соодветно подготвени.

•  Доколку времето е променливо, добро испланирајте ја рутата и одберете места каде што може да се засолните доколку Ве затекне невреме.

•  Доколку дождот е силен и пороен направете пауза на првото место кое е соодветно за тоа.

•  Намалете ја брзината и возете многу бавни и внимателно и по цена да ве наврне. Во услови на дожд и влажни коловози,  сите остатоци од масло, гориво  и нечистотии  го прават коловозот  лизгав, несигурен и небезбеден.

•  Избегнувајте ги местата  со насобрана вода кои под својата површина може да кријат кал, песок или чакал и на тој начин да  дојде до лизгање  на тркалата на мотоциклот.

•  Држете безбедно растојание затоа што сопирачкиот пат на мотоциклот е подолг на влажни коловози.

•  Носете водоотпорна заштитна облека и опрема. Почнувајќи од кацигата која не треба да се замаглува, па до оделото, ракавиците и чевлите, сите треба да се водоотпорни. Носете облека која има флуоресцентни делови на неа, на задниот дел на мотоциклот ставете флуоресцентна лента за полесно да ве забележат останатите возачи.

•  Пред да тргнете да возете на влажен коловоз размислете дали имате соодветни и добри гуми. Доколку вашите гуми се мазни тогаш најдобро е воопшто да не се обидувате да возете на влажен коловоз.

•  Сопирајте постепено, забрзувајте постепено, свртувајте постепено. Избегнувајте нагли дејствија, нагло запирање, забрзување и нагло свртување затоа што во такви услови веројатноста да дојде до лизгање на мотоциклот е голема.

•  Внимавајте на патот. Белите линии на коловозот, влажните метални капаци на патот, кал и вода, во услови на дожд може да бидат поопасни и полизгави од мраз.

Возењето мотоцикл бара многу знаење, енергија, вештини и стабилен карактер. Почитувајте ги наведените совети, тие се наменети за сите мотоциклисти а посебно се корисни за помладите и помалку искусни мотоциклисти.

РСБСП со апел: Биди вистински мотоциклист, вози одговорно и секогаш носи кацига.   #БЕЗБЕДНОНАМОТОР  # НОСИКАЦИГА