Саем на книгата во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид
По повод „Месецот на книгата“ издавачот „Матица македонска“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид од понеделник 5 до петок 9 ноември во просториите на библиотеката организираат „Саем на книгата“.
На отворените штандови ќе има богат избор на книги со саемски попуст од неверојатни 20 до 30 проценти од редовната цена.
Влезот е бесплатен а саемот во петте работни дена ќе биде отворен од 10:30 до 15 часот.