Шахпаска: Со новиот Закон го враќаме правото на жената сама да одлучува и обезбедуваме безбеден абортус
Прес конференција, Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ и коалицијата
Почитувани,
Владата предводена од СДСМ и коалицијата усвои нов Закон за прекин на бременоста.
Правото на жената за прекин на бременоста е неприкосновено. Жената сама, свесно носи одлука за раѓање и број на деца.
Прекинот на бременост мора да е е безбеден, во услови и на начин согласно медицина базирана на докази и од стручни лица.
Нема веќе административни процедури: комисии, нема веќе пристрасно советување, нема 3 дена чекање, нема веќе носење одлуки во нејзино име.
Прекин на бременост ќе се прави и на примано ниво на здравствена заштита во услови и начин предвидени со закон.
Прекин на бременост ќе се прави по барање и дадена согласност на жената до 12 седмица, а во одредени случаи и до 22 седмица.
Жената ќе знае како се изведува, колку и какви последици носи интервенцијата. Животот на жената е пред се.
Минатата власт донесе закон кој го отежна пристапот до безбеден абортус, го ограничи правото на избор, ги стигматизираше и осудуваше жените.
Со новиот закон се гарантира нејзиното достоинство, приватност, информираност и доверливост.
Со овој закон исполнуваме уште едно изборно ветување. Законот наскоро ќе влезе во собраниска процедура и апелираме до сите пратеници заеднички да го поддржиме во интерес на жените и нивното здравје.
https://www.youtube.com/watch?v=du2Z_-4c1Hg