Шахпаска: Законот за спречување и заштита од дискриминација обезбедува сигурност и заштита на правата на граѓаните
Министерката за труд и социјалана политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на Националната конференција за недискриминација организирана од страна Мрежата за заштита од дискриминација.
„Борбата против дискриминацијаата е високо на агендата на Министерството за труд и социјална политика и на Владата на РСМ. Како одговорна Влада, а во интерес на граѓаните, сметаме дека ден поскоро Законот за спечување и заштита од дискрининација треба да биде донесен, во една демократска процедура согласно деловничките одредби во Законодавниот дом,“ истакна Шахпаска.
Таа посочи дека ова законско решение има силна поддршка од меѓународните институции, Венецијанската комисија, 70 невладини институции од нашата држава, што е уште една голема потврда за неговото влегување во сила.
„Законот е усогласен со европската регулатива и во него се дефинирани сите облици на дискриминација, но пред се и изборот на едно професионално независно тело, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која ќе ја сочинуваат лица со професионално искуство од сферата на човекови права,“ рече Шахпаска.
Министерката порача дека покрај зајакнувањето на механизмите за заштита од дикриминација, донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација е уште една потврда дека земјава има јасни аспирации и воедно испраќа јасен политички сигнал дека е кредибилен партнер во преговорите со Европската унија, кои официјално стартуваат во Декември со првата меѓувладина седница.