25/11/2024
Охрид

Сакале или не, минарето на Али-пашината џамија е изградено

И покрај многуте полемики околу изградбата на минарето на Али-пашината џамија во Охрид, деновиве можеме да видиме дека минарето е речиси комплетно изградено, а дури и се шпекулира дека свеченото отворање ќе биде за празникот Рамазан Бајрам.

Реагираа голем број здруженија, установи и поединци, но залудно. Дополнително загрижува тоа што во целиот овој период институциите буквално „се чудеа“ околу нивната надлежност, овластувања и си ја префрлаа одговорноста едни на други, а изведувачот игнорирајќи ги си тераше по свое и интензивно работеше на оваа градба.

WebOhrid