Санација и уредување во ОУ „Братство Единство“
Денес се спроведе идејата за волонтирање на тимот од КЕЦ Охрид. Поставување на 11 рефлектори и 4 неонки во дворот на објектот, санација на училишната табла со натпис на името на училиштето и бојадисување на 40 метарската ограда, се активностите кои беа реализирани во просториите на Основното училиште „Братство Единство“ во Охрид.
До сега се реализирани активности од страна на волонтери од КЕЦ-ови и оддели во повеќе локации низ земјата и тоа: Скопје, Кратово, Велес, Куманово, Делчево, Титов врв, Свети Николе, Зрновци, Брвеница и Гевгелија.