22/11/2024
Македонија

Санкциониран тетовец за минување патарина со „флешери“, изречена казна и демонтирани „флешери“

Полициски службеници од ПС Тетово на 03.02.2021 во 21 часот му изрекоа соодветна казна според Законот за безбедност во сообраќајот на Ш.С. (20), кој со возило „ауди“ со тетовски регистерски таблички незаконски, со употреба на т.н. „флешери“ и хорна поминал без да плати патарина на наплатната станица Желино. Ш.С. во службениот разговор го признал делото а т.н. „флешери“ се демонтирани. МВР во соработка со Државниот инспекторат за транспорт на 31.01 и 01.02 санкционираше 32 лица за незаконско користење на т.н. „флешери“ со цел да се избегне плаќањето патарина, а ваквите засилени контроли ќе продолжат и во наредните денови.