22/11/2024
Македонија

Санкционирани 160 прекршоци на мотоциклисти

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност, во координација со организационите единици за контрола и регулирање на сообраќајот на територијата на Република Северна Македонија на 05.08.2020, во периодот од 17.00 до 23.00 часот, спроведе републичка акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во сообраќајот кои управуваат мотоцикли.

Во текот на контролата се констатирани 160 прекршоци кај оваа категорија учесници во сообраќајот, односно 31 учесник управувале мотоцикл пред да се стекнат со право за управување (без возачка дозвола), седум учесници управувале со измината важност на регистрација на мотоциклот, пет учесници управувале со нерегистрирани мотоцикли, 94 учесници не користеле заштитен шлем (кацига), а констатирани се и 23 други прекршоци направени од страна на оваа категорија учесници во сообраќајот.