22/11/2024
Охрид

Санкционирани 27 возачи кои ја надминале дозволената брзина и 21 кои возеле под дејство на алкохол

На 11/12.06.2022 година од 23:00 до 02:00 часот на подрачјето на СВР Охрид, извршени се засилени сообраќајни акциски контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 27 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-10, Струга-09, Дебар-08).

Дополнително, од сообраќај се исклучени 21 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-16, Кичево-05). Ним им се одземени возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.


WebOhrid / 13.06.2022 / СВР Охрид