Шанса за сите: Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година
Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година нуди шанса за сите категории невработени лица, како и можности за самовработување, обуки за стекнување на нови вештини, поддршка на работодавачите и други мерки и услуги со цел зголемување на вработеноста и вработливоста.
Погледнете ја брошурата каде што има краток преглед на сите мерки, а ние овде издвојуваме само мал дел од програмите и мерките:
· Неповратни средства за самовработување од 246.000 до 615.000 денарари
· Поддршка за ново вработување од 92.000 до 768.750 денари за микро, мали и средни фирми, социјални претпријатија и граѓански организациж
· Поддршка за вработување на лица со попреченост
· Обуки на работно место за познат работодавач, за стручни квалификации според барања на работодавачи, за побарувани занимања и занаети, практиканство
· И други мерки и услуги кои се реализираат преку Агенцијата за вработување на РМ, наменети за зголемување на вработеноста и вработливоста на евидентирани невработени лица
Посетете го најблискиот центар за вработување и информирајте се за можностите и критериумите.