СДСМ Дебрца: Сега е време кога органите на власта одлуките ги носат заедно и во корист на граѓаните
ОО на СДСМ Дебрца, денес испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Во врска со соопштението испратено од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, ги известуваме граѓаните на општина Дебрца и општина Охрид дека попусто се обидите на поранешниот градоначалник Трајкоски да му даде партиски предзнак на најавениот протест од страна на Здружението на граѓани против изградба на регионална депонија во с.Годивје и на тој начин да ги поколеба граѓаните масовно да излезат во Недела. Заврши времето на режимот кога Вие како Претседател на Југозападен плански регион свесно или можеби под притисок премолчувавте дека во физибилити студијата што во тоа време се изработува како локација се посочува Годивје.
Господине Трајкоски каде бевте Вие да ги повикате членовите и симпатизерите на вашата партија да излезат на протестот против изградбата на Асфалтната база во срцето на Дебрца покрај реката Сатеска со што дирекно нанесовте штета не само на околните обработливи површини туку на сите земјоделските површини по течението на реката Сатеска?
Каде бевте Вие кога се изврши најголемата деградација на земјоделското земјиште долж изградбата на автопатот Кичево-Охрид кога изникнаа голем број депонии кои што сведочат за вашата грижа за заштита на животната средина во општина Дебрца?
Сега е време кога органите на власта одлуките ги носат заедно и во корист на граѓаните. Така ќе биде и за регионалната депонија која што нема да се гради во атарот на селото Годивје.“ – стои во соопштението од ОО СДСМ Дебрца.