СДСМ: „Китење со туѓи перја“ е она што очигледно Градоначалниците на Мицковски единствено го умеат!
” КИТЕЊЕ СО ТУЃИ ПЕРЈА” е она што очигледно Градоначалниците на Мицковски единствено го умеат !
Дошол лидерот на ДПМНЕ денес да се фотографира на нешто што како проект веќе постоеше од претходната локална власт предводена од СДСМ.
И зарем навистина мислите дека ОХРИЃАНИ тоа не го гледаат и не го знаат.
Да не оставеше изминатата локална власт готови проекти, не ќе знаеше оваа локална власт предводена од ДПМНЕ како да ја скрие неспособноста пред нивниот лидер Мицкоски.
Градежна офанзива во Охрид се случи, ДА … ТОЧНО дека се случи АМА од минатата локална власт за што се сведоци и граѓаните на град Охрид.
Овој проект што го промовираше Мицкоски за фекална канализација во Лескоец, како и проектот за реконструкција на улиците, односно сите проекти од Југозападниот плански регион, се изработени, подготвени и поднесени за финансирање од претходната локална власт предводена од СДСМ.
Да ја потсетиме сегашната локалната власт колку инвестиции се направија уште во првите 100 дена од владеењето на претходната локална власт, што може да се согледа и од самиот отчет на сработеното во првите 100 дена од Градоначалникот Георгиески.
За жал, Пецаков во ниту еден момент отчетно не излезе за своите 100 дена, туку гледавме видеа снимани кај нивниот лидер…
Ајде, наместо празни зборови и ветувања со “ќе” , нека каже сегашната локална власт што реализираа во овие шест месеци од она што им ветуваа во предизборната програма на граѓаните за што и добија доверба од нив, а д ане е проект од претходната локална власт.