СДСМ: Најавата на Груевски ја потрвдува директната поврзаност со Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ се води од Будимпешта
Најава на осудениот криминалец, Никола Груевски, дека ќе поднесе оставка како пратеник, ја потврди неговата директната поврзаност со Христијан Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ се води од Будимпешта, Груевски од таму дава команди, Мицкоски исполнува.
Одлуките на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, однесувањето на Мицкоски, однесувањето на пратениците на оваа партија во мандатно имунитетната комисија, кои не гласаа за одземање на мандатот, е по наредба на Груевски и во директна координација со Мицкоски.
Мицкоски нема храброст ништо да направи, дури ниту да постапи по Закон и Устав, ниту да донесе некаква одлука.
Со најавената оставка Никола Груевски му помага на Мицкоски, го спасува, за неговата потчинетост и неспособност да постапи по закон, кои се веќе толку видливи и граѓаните ги препознаваат.
Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси, меѓу кои и Трајко Вељановски, Тарчуловски, Милошовски треба да поднесат оставки од морални и правни причини, стои во соопштението на СДСМ.