СДСМ: Нервозата кај ВМРО ДПМНЕ расте како што растат успесите на Владата од СДСМ
СДСМ испрати соопштение до медиумите, во кое стои:
„Антинародната ВМРО-ДПМНЕ неможејќи да се помири со економскиот успех на Владата предводена од СДСМ, продолжува да пласира лажни информации кои немаат никаква економска логика.
Постигнувањето на рекордниот износ од 624,5 милиони евра на странските директни инвестиции во 2018 година е факт и единствено им смета само на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски.
На антинародното ВМРО ДПМНЕ им смета и успехот на Владата предводена од СДСМ дека за само 20 месеци имаме влез од 17 нови странски компании,отворање на нови можности и нови 4500 работни места, без притоа да се потроши ниту еден денар за промоција, рекламни кампањи и скапи роуд шоуа како што тоа го правеше токму ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО ДПМНЕ негирајќи ги успесите кои ги постигнува нашата држава на економски план само потврдува дека е крајно очајна и дека нема познавања од економија.
Очајни се и пласирањето на непостоечки бројки и невистини дека јавниот долг расте. Реалноста е дека јавниот долг е стабилизиран односно е понизок во однос од пред две години. Во 2016 јавниот долг изнесуваше 48,8% од БДП, сега изнесува 48,7%.
Владата предводена од СДСМ останува посветена на градењето на економски стабилна држава, за што потврда се резултатите кои ги даваат успешните владини економски политики,кои за граѓаните значат повеќе нови работни места, повеќе пари и повисок животен стандард.“- стои во соопштението.