СДСМ: Неточни се информациите за наводно поставување на нови повеќејазични табли
СДСМ со соопштение до медиумите, во кое стои:
„Информациите објавени во одредени медиуми за наводно поставување на повеќејазични табли денеска, пред институциите или на патиштата низ државата, се целосно неточни и истите претставуваат класични лажни вести.
Повеќејазичните информативни табли и патокази што денеска се објавени во неколку медиуми се поставени многу одамна, а граѓаните извесен период сведочат за нивното постоење.
Како потврда за тоа е фотографијата во прилог, направена во мај 2017 година, на која што јасно се гледа дека веќе биле поставени овие табли пред повеќе од година и половина.
Потсетуваме дека обврска на медиумите е да известуваат објективно и професионално во интерес на граѓаните. Пласирањето на неточни информации или обидите за манипулација со јавноста не се во интерес на граѓаните.
Останува фактот дека јавноста одамна ги препознава лажните вести и не потпаѓа под обидите за манипулации.“ – стои во соопштението.