26/11/2024
Македонија

СДСМ: Новата влада ќе ја води СДСМ, после Илинден следуваат постапки во законските рокови

Соопштение за јавност

На изборите на 15 јули во фер, слободна, демократска и безбедна атмосфера граѓаните масовно го поддржаа концептот на СДСМ и коалицијата „Можеме“.

Иднината е обезбедена, државата продолжува на вистинскиот пат, уште подобро и уште повеќе.

Мандатот за составување на следната уште поодговорна и уште поотчетна Влада е кај Зоран Заев, следниот премиер на Република Северна Македонија.

Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може да здивнат од политичките активности на партиите. После Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција водена од СДСМ.

Законските рокови ќе бидат целосно запазени, државата ќе добие функционални и легитимни институции.

СДСМ им честита на граѓаните за демократскиот капацитет со кој донесоа јасна одлука каква Влада и каква држава сакаат во следните четири години

Воедно, ја информираме јавноста дека претседателот Заев од денес ќе користи неколку денови годишен одмор кој ќе го мине во државата.