СДСМ Охрид: Честит 11 Октомври!
„Драги сограѓани и граѓани на Македонија, ОО СДСМ Охрид преку своја делегација предводена од Претседателот Асен Шајн, положувајќи свежо цвеќе на спомен бистите на борците кои го носат епитетот на непокорот, Ви го честита 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ.
Да го чуваме аманетот на борците, бидејќи означува темелник на вековни определби на македонскиот народ за слобода, мир, за свој идентитет, заедништво, борбеност и истрајност.“ – стои во честитката од ОО на СДСМ Охрид.
11.10.2024 / СДСМ Охрид