23/11/2024
Охрид

СДСМ Охрид: Улицата „7-ми Ноември“ моментално e улица најнебезбедна за возила и за пешаци

“Улицата „7-ми Ноември“ моментално e улица најнебезбедна за возила и за пешаци” – се коментарите од охриѓани по медиумите и социјалните мрежи.

Локалната самоуправа предводена од ДПМНЕ на чело со Кирил Пецаков деновиве одбележува 2 години од запоседнување на Охрид.

Тимот кој раководи со градот 2 години е „за некого мајка за некого макеа“.

Но, за тоа потоа.

Улицата 7-ми Ноември повторно раскопана. Не е прв пат да се санира коловозот, туку Градоначалникот Пецаков дал налог за работа на улицата и во јуни 2022 година.

Зошто истата улица сега пак се санира? Зошто по втор пат? Некоја друга „математика“ е или во недостиг на реални проекти и инфраструктурни активности, реши Локалната пак наново да ги прекопува улиците?

Прекопувањето на улицата, оставените градежни материјали, паркираните машини за работа може за жал да доведат до немили настани. 

Улицата е ужас за народот. 

Сопствените замисли и хирови, ако веќе мора и по втор пат, да ги реализира Локалната без реперкусии врз безбедноста на населението. 

Две години прекопувате и прередувате од едно место на друго. Едвај некоја новинка. Зарем и следните две така ќе ги поминете? – стои во соопштението од СДСМ Охрид.


31.10.2023 / СДСМ Охрид