СДСМ со реакција на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во врска со образованието и улогата на пратеничката Лазаревска во таа област
ОО на СДСМ – Охрид испрати реакција до медиумите во врска со вчерашното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – Охрид во врска со образованието.
„Од ВМРО ДПМНЕ и кога се власт и кога се опозиција секогаш се мајстори да ги превртуваат фактите и тезите. Време е да престанат да ја манипулираат јавноста со избркани наставници и посебно со случајот бремени жени, бидејќи во Охрид тоа не се случи. Бремената жена, која ја споменуваат во соопштението е вработена во образование, без ниту ден прекин во стажот.
Ако пратеничката Лазаревска и СДСМ се репресивни, лицето кое СДСМ претпоставува дека е пишувач на соопштенијата чија тема е образованието, изминативе 4 години, нека каже дали му фали влакно од главата. Тоа лице како кадар на ВМРО ДПМНЕ ако е доблесно би требало да престане да сее лаги и да одработува за партијата. А знае и зошто.
Но токму нашиот демократски капацитет е таков што политиката не ја меша во образованието а тие не бираат средства и начин да ја дискредитираат секоја позитивна иницијатива.
ВМРО ДПМНЕ не само што не се срамат од тоа што го правеа со наставниот кадар, во каква послушност и притисоци го чуваа и какви реформи воведуваа. Почнаа и не завршија проекти а потрошија и испраа силни милиони и тоа најмногу преку Компјутер за секое дете. Замислете, најголем дел од компјутерите никогаш не стигнаа до учениците или како некомпатибилни завршија во подрумите и ги надвјаса времето.
Камо сите партиски функционери од ВМРО ДПМНЕ да имаат демократски капацитет, како нашиот од СДСМ тогаш во образованието ќе нема проблем.
Пратеничката Жаклина Лазаревска како претседател на матичната собраниска Комисија за образование наука и спорт работи исклучиво во интерес на сите врабитени во образованието.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ намерно ја кочат работата на Комисијата каде треба да се расправаат за важни измени и дополнувања на закони од областа на образованието.
Тие недозволуваат ниту да започне Комисијата да расправа по законите во прво читање.
Со овие измени на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и Законот за Бирото за развој на образованието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се противат 4.700 просветни работници да добијат работно место, односно нивните договори од определено работно време да бидат трансферирани во работен однос на неопределено работно време.Тие се противат на идното овозможување на професионален и кариерен развој на овие наставници и стручни соработници.
Но и покрај нивните деструкции овие важни измени ќе бидат донесени и наскоро ќе започне нивната реализација.“ – стои во реакцијата од ОО на СДСМ Охрид.