23/11/2024
Охрид

СДСМ со трибина во Охрид, им одржа лекција на ВМРО ДПМНЕ, како треба да си одговорен за здравјето на граѓаните

СДСМ вечерва со мини трибина на малиот Плоштад кај старата библиотека, се претставува пред граѓаните на Охрид.

СДСМ својата мини трибина ја организира по сите здравствени протоколи за сите присутни свои членови и граѓани на Охрид. Задолжително растојание од 2 метри , задолжително носење на заштитна респиираторна маска , за што беше задолжена посебна редарска служба на активисти на СДСМ Охрид, кој на сите граѓани им делеа нови стерилизирани заштитни маски и гел за дезинфекција.

Она што посебно се става акцент, претставува фактот ,дека протоколите мора да ги почитува секој, од претседателот на СДСМ Зоран Заев, кандидатите за пратеници, делегати членови, симпатизери, граѓани. Целата трибина буквално организациски како под конец, според препораките на министерството за здравство и Комисијата за заразни болести. СДСМ покажа како треба да се грижи за здравјето на граѓаните.

Фото:Охридскај

             

Извор: Охридскај