25/11/2024
Охрид

СДСМ: Зад приказната за хуманитарен паркинг од 2 (две) паркинг места ВМРО ДПМНЕ го крие покачувањето на цената за паркирање

„Зад приказната за хуманитарен паркинг од 2 (две) паркинг места ВМРО ДПМНЕ го крие покачувањето на надоместокот на услугите за користење на паркинг простор!

За ВМРО ДПМНЕ хуманитарен паркинг се само 2 (две) места и тоа на ул. Кеј Македонија на паркинг просторот наспроти Вила Деа!

Со одлуката која денес ја усвои ДМПНЕ речиси цел Булевар Македонски Просветители влегува во премиум паркинг зона и надоместокот за паркинг услуга во летото ќе биде 100 ден наместо досегашните 60 ден, а дел од ул. Партизанска и тоа од пресекот на Булевар Македонски Просветители со ул. Партизанска до пресекот на ул. Партизанска со новопроектираната улица кај стара Автобуска станица влегува во Зона А и надоместокот за паркинг зона во лето ќе изнесува 40,оо денари наместо досегашните 30,оо денари.

Со донесување на оваа одлука најпогодено ќе биде резидентното население, но и дуќанџиите и угостителите кои гравитираат на овој потег, затоа што согласно важечките акти во премиум зоната и во А зоната не е дозволен месечн и годишен билет.

И додека изминатите години намалувавме цени за паркинг простор на барање на угостителите, сега на еден суптилен начин се донесе одлука со која истите се зголемувааат, што секако е неприфатливо.

СДСМ нема да прифати ваква одлука посебно не во услови кога се прошири опсегот на работа на ЈП Билјанини Извори, кое на стопанисување доби нови простори за оформување на паркинг простор.

Во врска со хуманитарниот паркинг на 2 (две) паркинг места на Кеј Македонија на паркинг просторот наспроти Вила Деа, советничката група на СДСМ и коалицијата предложи паркинг да има и во премиум зоната и во А зоната, односно на предлог на јавното претпријатие Советот да ги утврди хуманитарните паркинг места. Само на овој начин хуманитарните паркинг места ќе ја постигнат својата цел, јавното претпријатие ќе покаже дека навистина има сериозна намера дел од средствата од граѓаните да ги донира за хумани цели, а за граѓаните дополнителен мотив да ги одберат баш тие места за паркирање на своите возила.

Секое поинакво постапување е веќе познатото популистичко делување на ВМРО ДПМНЕ со кое со наводен хуманитарен паркинг го кријат поскапувањето на цените за да го амортизираат револтот на граѓаните повторно напаѓајќи го СДСМ Охрид, но ваквото наше тврдење за брзо време ќе се покаже како вистинито особено тогаш кога последиците од оваа одлука ќе ги почувствуваат на својот џеб самите граѓани, а особено угостителите, дуќанџиите и резидентното население кое гравитира на овие простори.“ – стои во соопштението од ОО на СДСМ Охрид.


WebOhrid / 09.06.2022 / СДСМ Охрид