СДСМ: Законот за јазици којшто ВМРО-ДПМНЕ еднаш го прифатија, денес им служи само како изговор за блокада на реформите
СДСМ со соопштение до јавноста, во кое стои:
„Jасно е лицемерието и преправањето на опозициската партија. Граѓаните добро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ прифати предлог Закон за употреба на јазиците, во надеж дека ќе формираат влада. Денес, Законот за употреба на јазиците ВМРО-ДПНЕ го користи само како изговор да продолжат со блокада на реформите и со тоа да го кочат развојот и напредокот на Република Македонија.
Дебатата за употреба на Законот за јазици е отворена 9 месеци и доколку ВМРО-ДПМНЕ сакаше, досега имаше можност да учествува во процесот на донесување на Законот. Наместо тоа опозициската партија реши да го блокира процесот и со тоа да дејствува против европските вредности и против градењето на едно општество, концепт што доби силна поддршка од граѓаните на последните неколку избори.
Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот на Република Македонија и Амандманот 5 коишто е донесен во 2001 година. Очигледно Христијан Мицковски ги продолжува политиките на поделби на неговиот претходник Никола Груевски, со што ВМРО-ДПМНЕ повторно работи спротивно на интересите на граѓаните и државата.“- стои во соопштението.