Се асфалтира улицата „28-ми Април“
Градоначалникот Кирил Пецаков претпладнево направи увид на градежните работи на улица „28-ми Април“ којашто денес се асфалтира.
Асфалтен слој се поставува на должина од 550 метри и ширина од 6 метри.
https://ohrid.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/video-1658481994.mp4?_=3
Претходно на улицата се гребеше стариот асфалт, просторот се тампонираше и се нивелираа шахтите. Асфалтирањето на улицата се очекува да заврши денес.
Проектот е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид и се реализира со средства од буџетот на локалната самоуправа.
WebOhrid / 22.07.2022 / Општина Охрид