22/11/2024
Охрид

Се асфалтираат улици во село Лескоец

Со средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид, денеска започнаа градежни активности за асфалтирање на собирната улица и неколку нејзини краци во Кураичка маала во село Лескоец.

Придружуван од надлежните во Секторот за комунален развој, сообраќај и улици, увид на активностите на терен изврши и градоначалникот Константин Георгиески. Во разговорите кои ги оствари со месното население беше потенцирана важноста на ваквите инвестиции за руралните средини.

Градежните активности се дел од годишниот план за санација на уличната мрежа и асфалтирање на тесни улички на подрачјето на општината, во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште.

На овој потег во селото Лескоец, со средства од Општина Охрид, минатата година беше поставена и нова канализациона мрежа.

Асфалтирањето на тесни улици ќе продолжи и во текот на наредниот период на повеќе локации во градот и останатите населени места.